Бугарските власти заплениле речиси 92 килограми хашиш во Видин, кај мостот Дунав на границата со Романија, во вредност од околу 615.000 евра, соопшти денеска бугарската национална царинска агенција (НЦА).
Според НЦА, во четвртокот вечерта биле откриени 94 кесички со дрогата, скриени во кабината на возачот на полуприколка која превезувала концентрат од газирани пијалоци од Ирска во Турција.
Агенцијата соопшти дека ова е најголемата поединечна заплена на хашиш во Бугарија во последните 12 години, а вкупната проценета вредност на запленетата дрога е околу 615.590 евра.
