Во чуварски објект на фабрика пронајден мртов 53-годишен тетовчанец

Вчера ( 23 декември ) околу 7 часот, од тетовската Брза помош пријавено е дека во чуварски објект на фабрика, лоцирана покрај локалниот пат Тетово-Сараќино, пронајден е мртов 53-годишниот Н.С. од тетовско Пршовце.

Од извршениот преглед на неговото безживотно тело не се пронајдени траги на насилство. Извршен е увид со учество на јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, а телото предадено му е на семејството.

Се вчитува...

Извор: ТВ21