Во експлозии во Сомалија загинаа седум лица, а десетици се повредени

Силна експлозија одекна денеска во главниот град на Сомалија, Могадишу. Според првичните информации, има многу жртви, објави порталот за вести Гароу.

Местото на експлозијата беше на контролниот пункт на прометна улица во квартот Ел Габ во главниот град. Маалото е отсечено од полицијата и војската.

Според друг сомалиски портал, Shabelle Media Network, експлозивната направа била активирана во близина на претседателската палата.

Импровизирана експлозивна направа уби седум мировници денеска во јужна Сомалија, објави сомалиски Гардијан.

Според изданието, целта била поворка на Африканската унија. Загинаа седум војници од бурунскиот контингент.

Борците на радикалната група Ал Шабаб, поврзани со терористичката организација Ал Каеда, ја преземаа одговорноста за експлозијата.

Групата води вооружена борба против централната влада во Сомалија и ја попречува хуманитарната работа на ОН.