Свет

Во Еквадор киднапиран почесен конзул на Велика Британија

Во Еквадор киднапиран почесен конзул на Велика Британија

Почесниот конзул на Велика Британија во пристанишниот град Гвајакил во Еквадор, Колин Армстронг (Колин) е киднапиран во југозападниот дел на земјата, соопшти денеска локалната полиција.

Дипломатот, кој исто така е земјоделец, бил киднапиран рано утринава од неговата фарма во кантонот Баба во провинцијата Лос Риос.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, а британската амбасада и британските власти се уште немаат коментар.

Во последниве години, Еквадор стана центар на операции на странски и локални нарко картели кои наметнуваат режим на терор преку убиства, киднапирања и изнуда.

Сместено меѓу Колумбија и Перу, најголемите светски производители на кокаин, Еквадор заплени рекордна количина од 210 тони дрога на своја територија во 2021 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни