Свет

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

Првиот случај на нова варијанта на мајмунска сипаница е откриен во Франција, соопшти француското Министерство за здравство.

Во соопштението се наведува дека пациентката од Бретања, која била заразена со мајмунски сипаници, не отпатувала во Централна Африка од каде потекнува нова форма на вирусот на мајмунски сипаници, туку била во контакт со две лица кои се вратиле од тој регион.

Министерството посочува дека здравствените власти го истражуваат изворот на инфекцијата и работат на пронаоѓање на сите потенцијални контакти, објави Ројтерс.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни