Француската полиција уапси неколку државјани на Хрватска, Србија, Белгија и Луксембург под сомнение дека шверцувале 130 килограми кокаин од Шпанија во областа Француска Земја, јавија денеска француските медиуми.
Наркотикот кој бил сокриен во кампер, кој влегол од Шпанија, полицијата го запленила при полициска контрола на автопатот А63 во регионот Ленд.
„Возилото во кое патувале двајца возрасни, 54-годишен маж и 36-годишна жена, како и двајца малолетници на возраст од 15 и 17 години, кои патувале заедно за да остават впечаток на семејно патување, полицијата го проверила на наплатната рампа Касте, 80 километри северно од шпанската граница, ноќта понеделникот кон вторникот“, соопшти обвинителството.
СЛЕДЕТЕ НЕ: