Свет

Во Германија најдени човечки отпечатоци стари 300.000 години

Во Германија најдени човечки отпечатоци стари 300.000 години

Германски научници открија човечки отпечатоци стари 300.000 години. Станува збор за праисториските „Луѓе од Хајделберг“, одамна исчезната човечка цивилизација, кој пред 300 илјадалетија живеел во планините Харц во денешна Германија.

Научниците веруваат дека овие совршено сочувани отпечатоци се најстарите досега пронајдени во Германија, пренесува „Скај њуз“ (Sky News).

Отпечатоци од стапала биле откриени на палеолитското наоѓалиште Шенинген на планината Харц, а биле пронајдени и животински отпечатоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни