„Проектот,,Унапредување и промоција на вински туризам во Вардарскиот плански регион преку инфраструктурно уредување на регионален вински центар-Винска куќа во општина Кавадарци”, се реализираше во партнерство со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и општина Кавадарци во периодот 2019-2020 година. Проектот се реализираше согласно Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој за 2019 година со вкупна сума од 7 549 640 денари со вклучен ддв, а општината учествуваше со сопствени средства во висина од 3 096 460 денари. Со реализацијата на овој регионален проект ќе добиеме заеднички вински центар, каде што сите производители од регионот ќе можат да ги промовираат своите производи на едно место, а со тоа да обезбедиме една поголема промоција на нашиот вински регион со што ќе го подобриме локалниот економски развој“, напиша на Фејсбук, Митко Јанчев.
https://www.facebook.com/KTVKavadarci/posts/3314323731991202