Салина Стајнфелд (86) беше избрана за Мис на Холокаустот во 2021 година на необичен натпревар во Израел.
„Мораме да бидеме силни, да се грижиме за себе и што е најважно, да си помагаме еден на друг“, рече Стајнфелд. „Помогнете им на оние на кои им треба помош“.
Според организаторите, и покрај доцните години, Стајнфелд барем еднаш неделно ги посетува постарите и изнемоштените лица.
Родена е во 1935 година во романскиот град Јаши, кој беше нападнат од нацистите во 1941 година. Живеела со родителите, браќата и сестрите и бабата.
Во 1948 година се преселила во Израел, се омажила и имала три деца. Денес има седум внуци и два правнуци.
„Тоа е моја лична победа над нацистите“, рече таа.
На конкурсот се пријавија неколку стотици кандидати, од кои беа избрани десет финалисти. Гледачите го избраа победникот со онлајн гласање.
Целта на овој необичен натпревар за убавина е „да ги развесели хероините кои го преживеаја Холокаустот“, рече организаторот Јад Езер Л’Хавер.
Учесниците уживаа во услугите на професионални шминкери, фризери и стилисти во текот на целиот ден.