Свет

Во Јужна Кореја измерени 41,4 степени Целзиусови – рекордна температура досега

Во Јужна Кореја измерени 41,4 степени Целзиусови – рекордна температура досега
Thermometer in the sky, the heat

Во Јужна Кореја денеска се измерени 41,4 степени Целзиусови, што е највисока температура од почетокот на современите метеоролошки мерења, кои се спроведуваат од 1973 година, соопшти Корејската метеоролошка администрација (KMA).

Продолжениот топлотен бран ги искачи температурите над 40 степени Целзиусови трет ден по ред во одредени делови од земјата, а новиот рекорд е регистриран во југоисточниот град Јангсан, каде што во 13:40 часот биле измерени 41,4 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.

Новата највисока измерена температура го надмина досегашниот национален рекорд од 41,0 степен Целзиусов, поставен во Хонгчон во август 2018 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни