Во Кавадарци вечерва ЕНОРМНО загаден воздух

Според мерните станици за квалитет на воздухот од Министерството за животна средина и просторно планирање вечерва Кавадарци дише енормно загаден воздух, односно измерени се неверојатни 680 mg/m3, што значи дури 13 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво.

Потоа следува населбата Лисиче со 393 mg/m3 и Куманово со 342 mg/m3.

„Помалку“ загадени се населбата Гази Баба со измерени 331 mg/m3, Тетово со 295 mg/m3 и населба Карпош 287 mg/m3

Претходно, Владата донесе одлука за стапување на сила на неколку мерки во Тетово, Куманово и Кавадарци, но не и во Скопје иако ситуацијата е алармантна и во главниот град.

Од Владата велат дека според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот, прагот на алармирање за ПМ 10 честички, со надмината вредност од 175 мг/м3, е надминат во изминатите два последователни дена во овие три града, поради тоа само за нив важат мерките.

The post Во Кавадарци вечерва ЕНОРМНО загаден воздух appeared first on TV21.mk.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното