Во Кенија забележан раст на бројот слонови и жирафи

Резултатите од пописот на диви животни во Кенија регистрира дека бројот на слонови и жирафи во земјата е значително зголемен.

Имено, таму се забележани вкупно 36.169 слонови, односно 12 отсто повеќе од 2014 година и 34.240 жирафи.

Се работи за зголемување од 49 насто на бројот на жирафи во споредба со резултатите од пред три години, објави Кениската служба за диви животни (КВС).

Бројката на носорози, лавови, зебри и антилопи, исто така, се зголемила во последниве години.

Пребројувањето на животните траеше три месеци, а наведени се сите копнени и морски цицачи, важни видови птици и загрозените примати во Кенија.

Списокот морски животни откри 63 кита со грпка, два сини кита и 29 големи бели ајкули во водите на Кенија.

Инаку, Владата на Кенија нареди истражување за да се провери ефикасноста на постојните мерки за заштита на животните.