Руските власти на Крим ќе прогласат вонредна состојба поради излевање на мазут во Црното Море, откако два танкери потонаа во Керченскиот теснец, соопшти денеска гувернерот на Крим, Сергеј Аксенов.
– Вчера разговаравме со сите наши колеги, со одлука на лидерот (претседателот на Руската Федерација Владимир Путин) ќе биде дадена вонредна состојба на федерално ниво – рече Аксенов, пренесува Интерфакс.
Во средата навечер во Краснодарската територија беше прогласена вонредна состојба, а министерот за вонредни ситуации пристигна во градот Анапа за да ја надгледува работата за отстранување на последиците од излевањето на нафтата.
Во средината на декември танкерите Волгоњефт 212 и Волгоњефт 239 потонаа во Керченскиот теснец, а еден член на екипажот загина.