4NEWS.mk

Во куќа во с.Ржаничино пронајдено големо количество на оружје

Во семејна куќа скопското село Ржаничино полицијата  извршила претрес и таму пронашла големо количество на оружје. Според информациите на МВР, во вторникот СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, врз основа на судска наредба, изврши претрес во домот на Ѓ.А.(43) во с.Ржаничино, скопско.

При претресот биле пронајдени 70 куршуми, шест ловни патрони, еден пиштол, една рамка со два куршуми и една дигитална вага со остатоци од непозната материја, кои биле привремено одземени. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни