Живот

Во Лас Вегас ќе се одржат 64. Греми наградите

Во Лас Вегас ќе се одржат 64. Греми наградите

Во Лас Вегас вечерва се одржува 64. доделување на Греми наградите. Како и минатата година, церемонијата ќе ја води комичарот Тревор Ноа.

Џастин Бибер, американскиот рапер Доја Кат и Габриела Вилсон, позната под уметничкото име Х.Е.Р. имаат по осум номинации, а Били Ајлиш седум.

Церемонијата првично беше закажана за 31 јануари, но беше одложена поради појавата на сојот Омикрон.

Греми, основана во 1959 година, е годишна награда за исклучителен придонес во музиката и дискографијата, која ја доделува Американската академија за уметности и науки на рекорди (НАРАС).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни