Во Македонија нема соодветни работни услови, ПМ10 честичките алармантни, институциите без конкретни мерки

ПМ10 честичките се сериозен проблем. Според податоците на Светска банка, само поради загадениот воздух во Македонија, на годишно ниво се регистрирани 1350 смртни случаи, а илјадници граѓани го изгубиле работно место поради хронични и кардиоваскуларни болести, предизвикани во текот на работењето на отворено. Во Македонија, според Извештајот на Институтот за јавно здравје и според обработените извештаи на овластените институции за професионално здравствено осигурување, се вели дека над 40% од работниците кои работат на отворено, работат во несоодветни услови.

 Болестите кои се предизвикани од загадениот воздух и несоодветните работни услови, се многу, но работниците од страв да не ја изгубат работата, не реагираат во врска со овој проблем. Доказ за ова е и истражувањето на здружението Екологист, кое направи 2 документарни филма на тема „Работниците – Жртви на климата“.

Се вчитува...

Неколку од мерките кои можат да се преземат, според Флорозон, се со цел подобрување на работата на отворено, се: работниците да имаат соодветна работна облека, да се преземат заштитни мерки и да се обезбеди опрема за да не дишат штетни супстанци. Тие исто така предлагаат да се подготви прирачник, со цел работодавците да бидат обврзани да го почитуваат законот.

 Основачите на проектот Здрава животна средина за здрави работници предлагаат здравствените институции да преземат конкретни мерки за подобрување на условите за работниците и истовремено да се подобри квалитетот на животот на граѓаните. Инаку, Македонија и понатаму останува една од најзагадените земји во Европа.

Репортер: Арменд Гаши

Извор: ТВ21