Македонија

Во Македонија останаа уште 400 државјани од Авганистан, 7 се префрлени во Португалија

Од Владата на Македонија информираат дека утрово 4 возрасни и три деца од Авганистан, преку Истанбул, заминале за Португалија, како крајна дестинација.

Од Владата велат дека станува збор за вработени во меѓународни организации и нивните семејства, на кои во изминатиов период во РМВ им е обезбеден привремен престој во рамките на меѓународната хуманитарна операција.

Во северна Македонија во моментов се останати 400 авганистански државјани.

„Тука ја добиваат сета поддршка што им е потребна, додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците за нивниот престој ги покриваат меѓународните организации“, велат од Владата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни