Македонија

Во Новата година, Македонија ќе добие нова Влада

Македонија ќе добие нов премиер и министри до средината на јануари. Министерот Бујар Османи посочи дека со назначувањето на новите кадри ќе се заврши во рамки на уставниот рок.

„Најкасно до средината на јануари. Во почетокот од јануари нема состанување на Собранието поради верските и новогодишните празници. Во рамки на уставните рокови, очекувам тоа да заврши кон средина на јануари“, кажа Османи.

Премиерот Зоран Заев во среда ќе ја поднесе оставката од премиерската функција во Собрание. Во оставка ќе биде и цела Влада, а пратениците нема да имаат можност да му поставуваат прашања.

Актот ќе следува на истиот ден по предновогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.

– Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни