Breaking Најмалку 39 загинати во судирот на возови во Шпанија, два вагона паднале во насип
Свет

Во Њујорк воведена вонредна состојба поради мајмунски сипаници

Во Њујорк воведена вонредна состојба поради мајмунски сипаници

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул синоќа прогласи вонредна состојба во државата поради ширење на мајмунски сипаници.

– Прогласувам вонредна состојба во државата за да ги зајакнеме нашите напори во борбата против мајмуните сипаници, напиша Хочул на Твитер.

Таа додаде дека повеќе од еден од четири случаи на мајмунски сипаници во САД се регистрирани во Њујорк, што исто така има непропорционално влијание врз ризичните групи.

Заклучно со 29 јули, државата Њујорк имаше вкупно 1.383 потврдени случаи на мајмунски сипаници, според веб-страницата на Одделот за здравство на градот.

Бразил и Шпанија претходно ги пријавија првите смртни случаи предизвикани од мајмунски сипаници надвор од Африка, а Светската здравствена организација минатата недела прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради избувнувањето на епидемијата на мајмунски сипаници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни