Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Во опожарениот автобус на „Струма“ пронајдено 45-то тело

Уште едно тело е пронајдено при дополнителен преглед на автобусот со државјани на Република Северна Македонија кој излетал на автопатот Струма. Така, бројот на жртвите во тешката сообраќајна несреќа стана 45, како што првично беше најавено. Информацијата ја потврди заменик главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба Борислав Сарафов, пренесе БНР .

„Во 21.15 часот во трагичната ноќ преку „Капитан Андреево“ влегле 52 патници, од кои 45 ги затекнавме во автобусот, 7 се во „Пирогов“, рече тој.

Сарафов рече и дека истражителот и обвинителот упатени во Скопје ќе останат таму најдоцна до недела. Мора да ја донесат документацијата поврзана со изгорениот автобус и ДНК профилите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од инцидентот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни