Актерката Амбер Херд живеела во луксузен имот за време на судски спор во Вирџинија. Таа ја изнајми вилата во која престојуваше за 22.000 долари месечно и покрај тврдењата на нејзините адвокати дека актерката моментално „нема пари“.
Амбер живеела во вила од 1.200 квадратни метри, на 25 минути возење од судот во Ферфакс во Вирџинија, каде во текот на шест недели се водела тужба за клевета меѓу неа и Џони Деп.
Вилата има и тениски терени, фитнес сали, домашно кино и спа центар.
Во документите не е наведена Амбер како сопственик на имотот, но откриено е дека куќата била изнајмена на 4 мај за 22.500 долари месечно.
