Балкан

ВО ПЛАМЕН СВЕТА ГОРА! Хеликоптери со вода во битка со силниот ветер, пожарот се приближува до манастирот

ВО ПЛАМЕН СВЕТА ГОРА! Хеликоптери со вода во битка со силниот ветер, пожарот се приближува до манастирот

Од воздух и копно противпожарните сили на Грција го гаснат пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во поширокото подрачје на еден од манастирите.

Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, но станува збор за шумски предел и манастирот не е во опасност.

Паралелно изрази надеж дека огнените јазици брзо ќе бидат ставени под контрола.

Во гаснењето учествуваат четири авиони и еден хеликоптер, како и 11 возила со 43 пожарникари и три пешадиски тима.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни