Во последните 24 часа избувнале 165 пожари на отворено, прогласена вонредна состојба во Крагуевац

Министерството за внатрешни работи на Србија апелира до граѓаните за крајна одговорност при употреба на отворен пламен, откако во последните 24 часа биле регистрирани 165 пожари на отворено.

Од почетокот на јуни досега, избувнале 4.137 пожари, со една жртва и 14 повредени. Пожарникарите спасиле две лица, а поради сериозноста на ситуацијата, инспекцискиот надзор ќе биде засилен, а неодговорното однесување ќе се санкционира.

Градоначалникот на Крагуевац, Никола Дашиќ, прогласи вонредна состојба во градот поради екстремните температури и зголемениот број пожари.

Министерството за животна средина и МВР најавија итни мерки за справување со пожарите на депониите, кои од почетокот на годинава надминале 1.000 случаи. Во нивното гаснење биле вклучени речиси 3.000 пожарникари и над 1.200 возила. Како дел од мерките, се планира 24-часовно дежурство на депониите.