Во сабота состанок на работното тело за помирување, дали „падна“ договор за законот за амнестија?

Работната група за помирување, формирана со цел поефикасна работа на парламентарното Координативно тело за помирување и интеграција, според информациите на ТВ21 ќе се состане во сабота.

Со оглед на тоа дека во текот на изминатата недела беше најавено дека до петок ќе има законско решение, ова веројатно значи дека предлогот за амнестија е веќе подготвен.

Работната група за помирување имаше задача да го подготви законското решение за помилувањата и националното помирување, додека останатите две групи формирани во рамките на Координативното тело за помирување, се за интеграција и реформи.

Извор: ТВ21