Во Шпанија намалена е прогнозата за раст за 2022 година

Шпанската влада ја намали прогнозата за економски раст за 2022 година од 7 отсто на 4,3 отсто.

Шпанската министерка за економија Надија Калвино, потсетувајќи дека неизвесноста предизвикана од руската инвазија на Украина продолжува да влијае на економијата, најави дека ја намалиле прогнозата за раст од 7 на 4,3.

Калвино нагласи дека „принципот на претпазливост во економијата треба да биде на максимално ниво“, иако шпанската економија, која ќе расте над просекот на Европската унија (ЕУ), ќе продолжи да биде „отпорна и силна“.

Левата коалициска влада, која предвидува дека предепидемиските вредности во економијата ќе почнат да пристигнуваат во првиот квартал на 2023 година, ги објави своите прогнози за раст од 3,5 отсто во 2023 година, 2,4 отсто во 2024 година и 1,8 отсто во 2025 година.

Шпанскиот Национален институт за статистика, во податоците објавени денеска, објави дека економскиот раст е остварен на ниво од 0,3 отсто во првиот квартал од 2022 година поради намалувањето на побарувачката за потрошувачка.