Од АМСМ соопштуваат дека има забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци меѓу кои се Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража и Кичево – Охрид преку Пресека. Исто така има забрана за автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
„Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека.
Забрана за сообраќај за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка“, соопштуваат од АМСМ.
