Македонија

Во Скопје се краде струја во вредност од 50 милиони евра – од кои само Арачиново краде 6 милиони евра

Во Скопје се краде струја во вредност од 50 милиони евра – од кои само Арачиново краде 6 милиони евра

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион.

Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, дознава порталот МКД.мк.

И досега беа објавувани стотина новинарски приказни како контролорите на ЕВН едноставно немаат пристап до струјомерите од поедини домаќинства кои со години не платиле сметка за струја.  Се пишуваше и за тоа дека често доаѓа и до физички пресметки. ЕВН како компанија со години се обидува да го унапреди системот за ефикасна наплата на сметките за струја, од 2014 година досега инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа само кон Арачиново…

Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кра жба на струја бележи загуба од над 56%. Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кр ажба на струја бележи загуба од над 65%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кра жба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кр ажба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради краж ба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.

Или во февруари годинава во овој регион биле украдени вкупно 2.800 мегаватчасови. Тоа значи дека на годишно ниво загубата е повеќе од 20 илјади мегаватчасови. Просечната цена на берзата на струја за еден мегаватчас е 300 евра. Ова значи дека само од регионот на Арачиново вредноста на ук радената струја е 6 милиони евра за една година. Колку години со ред е вака?

Според нашиот соговорник, евидентирани се кра жби на струја во речиси сите ормари, алармите се ошт етени и демонтирани и едноставно нема услови за безбедно вршење на редовните работни задачи. Продолжуваат нивните секојдневни проблеми со вербалните и физичките нап ади од домаќините.

Целиот текст прочитајте го на МКД.мк со клик ТУКА.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни