Денеска во Скопје се одржува форум на македонски и бугарски компании на кој учествуваат над 50 компании од двете земји.
На форумот кој го носи насловот „МК-БГ 2019“, треба да се обратат и македонскиот и бугарскиот вицепремиер, министерот за економија Крешник Бектеши, како и е Алексндар Манолев, заменик министер за економија на бугарија.
Компаниите од двете земји ќе остварат меѓусебни средби за интензивирање на бизнис односите.
Овој форум е прв после потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија пред две години.
