Со 81 гласа ЗA и ниту еден воздржан или против, вечерва во Собранието во салата „Македонија“ беше изгласан амандманот кој како предлог беше поднесен од страна на Владата.
Со овој амандман во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.
Во Собранието следува седмата точка каде треба да се изгласа за спроведување на претходно изгласаните амандмани.
Наскоро повеќе…

