Македонија

В среда оставка на Заев и цела Влада

Премиерот Зоран Заев ќе ја депонира оставката во Собрание во среда. Ова го потврдил за Телма висок функционер на СДСМ, објави Фактор.

Во оставка ќе биде и цела Влада, а пратениците нема да имаат можност да му поставуваат прашања.

Актот ќе следува на истиот ден по предновогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.

Директно од Заев останува најавата дека оставката на премиерската функција ќе ја поднесе во текот на наредната недела.

Очекува по формализирањето на оставката во Собранието, неговиот наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ.

– Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни