Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе им биде продолжено за два часа. Оваа одлука ја донесе Советот на Општината со цел поддршка на туристичката сезона и локалната економија.
Според новата одлука, за време на викендите и јавните манифестации, кафулињата и рестораните наместо до 1:00, ќе работат до 2:00 часот по полноќ. За претстојниот празничен викенд, односно на 1, 2 и 3 август, работното време ќе биде со траење до 3:00 часот по полноќ.
Од Општина Струга информираат дека едночасовно продолжување е предвидено и за неколку специфични датуми до крајот на годината, вклучувајќи ги празничните денови во септември, октомври, ноември и декември. Целта е непречено одржување на културните и туристичките манифестации кои го афирмираат градот, притоа балансирајќи меѓу развојот на туризмот и интересот на граѓаните.