Македонија

Во Струмица почна исплатата на штетите од природни непогоди од 2016 до 2018 година

Во Струмица почна исплатата на штетите од природни непогоди од 2016 до 2018 година

Општина Струмица денеска почна со исплата на штетите од природните непогоди кои го погодија регионот од невремето проследено со снег и град, во 2017 и 2018 година.

Средствата се исплаќаат врз снова на одлуката на Владата донесена на 23 август годинава, а вкупната вредност на штетата во Струмичко е проценета на над 40 милиони денари, од кои според одлуката, ќе се исплатат 10 отсто.

Според информациите од Општина Струмица, исплатата ќе се изврши во два дела и тоа првата половина од средствата се исплатени денеска кон граѓаните и правните лица, а втората половина ќе се исплати најдоцна до крајот на годината.

Од Општината додаваат дека средствата ќе се трансферираат од посебна сметка согласно Законот за заштита и спасување.

Инаку, најголем дел од проценетата штета се однесува на невремето од јули 2018, кога беа зафатени атарите на населените места Муртино, Сачево и Дабиле, а штетата изнесуваше 34 милиони и 397.748 денари и притоа биле зафатени 102,6 хектари обработливи површини.

Тогаш до Комисијата за проценки на штетата биле поднесени 358 барања, а од 2017 година околу 40.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни