Во судот спроведен Мијалков, се гледаат снимки од апсењето на Љубе Бошкоски

Во судот денеска од затворот „Скопје“ во Шутка, е спроведен екс директорот на УБК Сашо Мијалков за случајот „Тортура“, односно за апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Во судницата се прикажуваа снимки од неколку телевизии, кои во тоа време известуваа за апсењето на Бошкоски, а адвокатите барале вестите да бидат гледани во целост. На една од нив има и прилог за условите во затворите „Идризово“ и „Шутка“.

Се вчитува...

Во случајот „Тортура“ Мијалков е обвинет за нечовечно апсење на Бошкоски. Обвинети се уште шест лица поради поради основано сомнение дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување при апсењето на Љубе Бошковски.

Извор: ТВ21