Поврзи се

Македонија

Во Тетово петти протест поради поскапувањето на струјата

Published

on

Во Тетово вечерва се одржа петтиот по ред протест на граѓанската иницијатива „Доста е“ поради зголемувањето на цената на електричната енергија.  По повикот на социјалните мрежи неколку илјадната група граѓани се собра на градскиот плоштад во 19 часот по што започна марш по градските улици. Крајна дестинација беше местото каде се објектите на Корисничко Енерго Центар на електродистрибутивната компанија ЕВН на излезот од Тетово.

-Текстот продолжува по рекламата-

Пред објектите на ЕВН имаше и кордон од полицајци, а групата застана пред нив.  После неколкуминутно скандирање и извици, двајца од групата се приближија до оградата и фрлија стотици испечатени банкноти налик на 100 евра.  

-Бидејќи сакаат многу пари и сакаат да крадат од народот сме донеле две вреќи со пари и ќе ги испразниме овде и можеби ќе бидат сити. Луѓето се гневни со поскапата струја и односот кон барањата. Од следната недела очекуваме интензивен притисок кон политиката и кон Собранието.  И ќе бараме од сите 120 пратеници решавање на проблемот што е наметнат од регулаторната комисија и енергетските компании. Барањата остануваат исти, изјави Аријанит Џафери, претставник на иницијативата.

Loading...

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании.

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com