Парчиња асфалт кои се извадени од другите населби, ги собрале и ги поставиле на патот од нивната населба.
Вака го уредиле патот жителите од село Врапче, Кисела Вода.
Жителите одамна барале да се асфалтира оваа улица но велат дека никој не ги слуша.
Од цела населба, само ова патче од 100 метра е поплочено со бекатон. Ремзи Беќири вели дека оваа улица е поплочена пред минатите избори само заради гласови.
Освен улицата, друга мака на жителите е депонијата. Од далеку се гледа дека селото е поставено врз дива депонија. Жителите велат дека се плашат од болести поради нехигиената. Велат дека и самите жители го фрлаат отпадот бидејќи немаат ниту контејнер а не доаѓаат ниту од Комунална Хигиена за да го соберат отпадот од нивните куќи.
Градоначалникот на општина Кисела Вода вели дека оваа улица не е поплочена заради гласови туку дека толкав бил буџетот, а вели дека секој пат се паѓа да асе гради пред избори бидејќи избори има на секои 2 години.
Градоначалникот исто така вели дека жителите на ова место немаат ни документи за идентификација и дека куќите им се дивоградби.