Македонија

Во Украина има околу 100 македонски државјани

Во Украина има околу 100 македонски државјани

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифинг со новинарите посочи дека во Украина има околу 100 македонски државјани.

Тој додаде дека има неколку категории на граѓани, од кои во прва категорија спаѓаат дипломатите во македонската амбасадата во Киев.

Според Османи, се работи за Амбасадорот и уште еден дипломат, заедно со нивните семејства.

„Втора категорија се околу 30 набљудувачи од Северна Македонија во рамки на специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ. Третата категорија се наши државјани кои што поради различни причини се наоѓаат во Украина, тоа се околу 40 и 30 членови на нивните семејства, со тоа што повеќе членови се украински државјани“, вели Османи.

Министерот повторно упати апел до македонските државјани кои се наоѓаат на територија на Украина да се вратат во државава.

„Во однос на државјаните, треба да ја искористат можноста на постоење на комерцијални летови и да се вратат во Македонија“, порача Османи.

Тој додаде дека воопшто не сакаат внесат неизвесност и страв во Украина, и додаде дека во целосна координација се со нашите сојузници НАТО и ЕУ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни