Во Украина официјално е забранета проруска опозициска партија

Активностите на проруската партија „Опозициска платформа – за живот“, која има отворена поддршка од Москва, официјално беа забранети во Украина поради „повреда на државниот суверенитет“, соопшти денеска украинската министерка за правда Денис Маљуска, пренесе АФП.

„Судот ги забрани активностите на политичката партија „Опозициска платформа – за живот“, објави Маљушка на Фејсбук, додавајќи дека украинското судство одлучило да го национализира целиот нејзин имот.

Се вчитува...

Судска одлука за таа цел беше издадена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ги забрани активностите на партијата со декрет на 14-ти март.

Одлуката на украинското правосудство ќе се применува на сите регионални и локални структури на партијата, изјави министерот за правда.

Основана во 2018 година, „Опозициска платформа – за живот“ на Виктор Медведчук, кој е близок до рускиот претседател Владимир Путин, имаше околу 30 пратеници во украинскиот парламент пред руската инвазија на Украина. Според украинските разузнавачи, Медведчук бил уапсен во април поради обид за бегство од Украина.

Вкупно десет проруски партии се погодени од одлуката на украинското правосудство објавена денеска, забележува Франс прес.