Во возило на автопатот Скопје-Гевгелија пронајдени 10 мигранти

На автопатот Гевгелија- Скопје во близина на с.Прдејци, од страна на полициски службеници било забележано патничко моторно возило „Мицибуши“ со српски национални ознаки во кое влегувале мигранти.

На возилото му било дадено знак да запре, но истото со голема брзина го продолжило движењето кон Скопје. Кога возилото пристигнало кај Демир Капија запрело и од него излегле две лица.

При преглед на возилото, пронајдени биле 10 мигранти, од кои девет лица од Пакистан и едно лице од Авганистан, без документи за идентификација.

Лицата биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21