Македонија

Во Врховниот суд нема ниту еден Албанец – вработеноста во јавниот сектор на Албанците е 19%

Народниот правобранител, во неговиот Извештај за 2018 година, ги критикуваше домашните институции за неправична и несоодветна застапеност на Албанците во јавните институции. Иџет Мемети, пред Комисијата за политички систем, рече дека во јавниот сектор, вработеноста на Албанците достигнува до 19%.

Пратеникот од редовите на ДУИ, Реџаиљ Исмаили, рече дека институциите, како што е Претседателството и Врховниот суд треба да побараат од Собранието да преземе казниви мерки против институциите кои не го почитуваат Членот 8 од Уставот.

Од затапеноста во јавните институции незадоволна е и турската заедница.

Комисијата за политички систем едногласно го усвои извештајот на Народниот правобранител. Актите поврзани со олеснувањето на работата на Народниот правобранител можат да се усвојат и на пленарна седница.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни