Во Задруга се всели нова контроверзна натпреварувачка – се претставува како богаташка

Младата Тик Токерка, Мартина Петровиќ стана натпреварувачка во „Задруга 5“, а непосредно пред да влезе, го привлече вниманието кон себе со арогантно однесување и прозивка на сметка на пејачките Сања Вучиќ и Милица Тодоровиќ.

Тик Токерка има голем број следбеници на оваа социјална мрежа, каде што е многу популарна и каде често објавува детали од секојдневниот живот, но и луксузот што ја опкружува.

Мартина еднаш им откри на своите придружници на Тик Ток дека е родена со деформитет, и двата нејзини мали прсти се извртени.

Новата задругарка неодамна се најде на мета на жестоки критики, откако прво целосно му ја исече косата на своето куче, а потоа го бојадиса.

Таа го сними сето тоа и го објави на Тик Ток, на што нејзините следбеници силно негодуваа.

Мартина доаѓа од Крушевац и се претставува како богата жена. Често го снима луксузот во кој живее, а таванот со облаци е вистински хит на мрежите, па нејзините фанови честопати бараат да им покаже како изгледа домот во кој живее. А како сето тоа изгледа, погледнете го видеото подолу.