Радиоводител и жесток противник на вакцинацијата против коронавирусот од САД почина од последици на коронавирусот.
Имено, 65-годишниот Марк Берние почина по тринеделна битка со болеста. Тој се заразил пред три недели, а себеси се нарекувал „Господин Антивакс“, кој исто така, велеше дека американската влада „се однесува нацистички“, бидејќи ги принудува луѓето да се вакцинираат.
„Со голема тага, ВНДБ објавува за смртта на Марк Берние, кој ги информираше и забавуваше слушателите на ВНДБ повеќе од 30 години“, објави станицата од Дејтон Бич, Флорида, САД.
Ова е трет водител кој почина во изминативе два месеци.
Само осум дена претходно, почина и 61-годишниот Фил Валентајн, радиоводител од американската сојузна држава Тенеси.
И тој ги исмејуваше вакцините против коронавирус, но почина од болеста откако еден месец силно се бореше.
65-годишниот Дик Фарел, поранешен коментатор на „Њузмакс“, почина на 6-ти август.
Овој водител од јужна Флорида им порачуваше на слушателите да не се вакцинираат, нарекувајќи ја корона-пандемијата – „измама“.
И Фарел и Валентајн, како што се влошуваше нивната состојба, ги повикаа пријателите и обожавателите да се вакцинираат во секој случај, жалејќи што и самите не го направиле тоа.
