По насилството меѓу провладините приврзаници и демонстрантите кои поставија шатори околу канцеларијата на премиерот во Шри Ланка, воените единици навлегоа во главниот град Коломбо.
Групата која се сретна со премиерот Махинда Рајапакса и сакаше тој да остане на власт реагираше на демонстрантите кои денеска кампуваа пред кабинетот на премиерот.
Локалните ТВ канали прикажуваа снимки од приврзаниците на Раџапакса како ги уриваат нивните шатори и ги палат демонстрантите, кои со денови кампуваа околу канцеларијата.
Дојде до судири меѓу провладините поддржувачи и демонстрантите.
По насилството, владата распореди војници на улиците на главниот град.
Од друга страна, многу синдикати кои работат во водечките сектори во земјава како здравството, образованието и транспортот денеска ја започнаа „Недела на протест“.
Во овој контекст, се очекува повеќе од илјада членови на синдикатот да организираат демонстрации и да поддржат протести низ целата земја.
Премиерот Рајапакса вчера го имаше своето прво јавно појавување по почетокот на националните протести во Шри Ланка поради економската криза.
Раџапакса, кој наиде на група демонстранти при посета на светиот будистички храм во градот Анурадхапура, влезе во своето возило под силно обезбедување.
Демонстрантите го исвиркаа Раџапакса и побараа негова оставка.
Антивладини демонстрации
Група демонстранти почнаа да се собираат во близина на резиденцијата на претседателот Готабаја Рајапакса на 31 март, откако прекинот на струја траеше 13 часа. Полицијата интервенираше на демонстрантите со солзавец, а во некои области беше прогласен полициски час.
Претседателот Раџапакса, опишувајќи ги демонстрациите како „терористички акти“ и сметајќи дека „екстремистичките сили“ се одговорни за настаните, прогласи вонредна состојба на 1 април.
Мерките за вонредна состојба беа укинати на 5 април, но демонстрациите продолжија низ целата земја. Потоа, на 6 мај повторно беше прогласена вонредна состојба.
Се наведува дека Шри Ланка, островска земја со 21 милион жители во Јужна Азија, се бори со најтешката економска криза од 1948 година.
