Свет

Војната во Украина: Вкупно 40 градови се под руски оган

Војната во Украина: Вкупно 40 градови се под руски оган

Руските војници стигнаа до предградието на Северодонецк, едно од последните упоришта на Украинците во областа Луганск.

Вкупно 40 градови во источна Украина се под руски оган. Властите во Киев соопштија дека Русија има ракети „Искандер“ во Белорусија за целни локации во западна Украина.

Руската команда објави снимка од лансирање на ваков проектил со краток дострел, без да ја прецизира нејзината локација.

Војната во Украина остана главна тема во говорите на светските лидери на последниот ден од економскиот форум во Давос.

Германската канцеларка рече дека нема да има мировен договор по диктат на Путин.

„Путин не треба да ја добие својата војна, а јас сум убеден дека нема да ја добие. Таа веќе не успеа да ги постигне сите свои стратешки цели. На Путин треба да му биде јасно – Нема да има мир под диктат. Ниту Украина, ниту ние нема да го прифатиме тоа“, рече Олаф Шолц.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни