Вооружен инцидент во Тетово, кавга во казино, причина за пукање со калашников

Нема повредени во оружениот инцидент што синоќа нешто по 21 часот се случи на булеварот „Маршал Тито“ во центарот на Тетово, информираат од СВР Тетово.

Пукањето со огнено оружје било пријавено во полиција околу 21 часот и 10 минути од страна на граѓанин.

Полицијата по добиени сознанија дека учествувале во престрелката привела три лица, од Шипковица, Лавце и Тетово, а се трага по уште  десеттина лица. Првичните информации велат дека инцидентот настанал по расправија во казино помеѓу три лица, а подоцна се вклучиле уште неколку други.

На местото на настанот извршен е увид од јавен обвинител и крим техника. Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.

Извор: ТВ21