Во Лондон се бара вооружен маж откако двајца мажи беа застрелани, а трет тешко повреден во Илфорд.
Полицијата била повикана во 12.16 часот во вторникот на Хенли Роуд, Илфорд, по извештаите за судир и испукани истрели, објави The Telegrpah пред неколку минути.
Службениците на редот пронашле тројца мажи со прострелни рани.
„Една од жртвите, на возраст од околу 20 години, била прогласена за мртва на местото на настанот. Уште една жртва починала кратко време подоцна“, соопштија истражителите.
„Полицијата верува дека го знае идентитетот на жртвата, која има 20-ти години. Работата за потврдување на идентитетот на другиот маж е во тек. Полицајците работат на информирање на најблиските“.
Третата жртва, на возраст од околу 30 години, е пренесена во болница, каде и понатаму е во критична состојба“, додаваат властите.
Во оваа рана фаза не се уапсени.