Денеска почна судењето за „Меѓународен Сојуз“. Обвинителката Вилма Рускоска ги имаше воведните зборови за овој случај.
„Да формираш хуманитарна организација и од самиот почеток истата да ја темелиш на лага, дека зад проектот стои хуминтарна организација од ЕУ, и сите да ги убедуваш во тоа, е врв на еден најблаго кажано, девијантен криминален ум“, рече Рускоска.
Таа кажа дека се почнало како што треба со организацијата, и кога почнала со работа, односно кога бил предвиден проектот „Имобиле Сервис“, почнува голема измама.
Рускоска потенцираше дека сите обвинети кои се во судница имале своја улога во измамата. Јовановски на оштетените Силјан Мицески и Ардијан Азмоски лажно им прикажувал дека ќе им обезбеди државно земјиште и субвенции за изградба на европскиот центар за возрасни лица „Имобиле Сервис“.
Ременски, пак, според Рускоска, како тогашен претседател на СДСМ а подоцна и потпретседател на Собранието, давала совети и упатства и го поддржувала Јовановски на средбите со оштетените, односно истите да стекнат доверба за проектот.
Мицевски уплатил 719 илјади евра, додека Амоски 233 илјади евра.
.