Свет
18,228,556
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 08:01 08:01
Македонија
19,041
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 08:01 08:01
Македонија
4,478
Вкупно починати
Updated on 20/04/2021 08:01 08:01
Македонија
123,710
Вкупно оздравени
Updated on 20/04/2021 08:01 08:01

Воведување на ковид сертификати предложи Европската комисија

Европската комисија предложи воведување на сертификати за вакцинирање. Тоа, на 450 милиони жители на Унијата ќе им овозможи слободно да патуваат низ 27-те земји-членки.

„Документот потврдува дека поединецот бил вакциниран, неодамна добил негативен ПЦР тест или стекнал имунитет, односно антитела. Потврдата гарантира дека резултатите, податоците се признаени во секоја земја-членка. Со оваа дигитална потврда се стремиме да им помогнеме на земјите-членки да ја вратат слободата на движење на безбеден, одговорен и веродостоен начин“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседател на ЕК.

Се очекува да важи од септември, откако до крајот на летово ќе се вакцинира целото возрасно население во блокот.

„За нас ова е проблем бидејќи води кон тензии во блокот кои нема да бидат разбрани од Европејците бидејќи луѓето во Европа очекуваат еднаков пристап до вакцините“, вели Себастијан Курц, канцелар на Австрија.

Проектот е вреден 50 милиони евра. За планот ќе се дискутира на самит на лидерите веќе иднава недела.

Во Унијата сѐ погласни се барањата за корективен механизам за распределбата на вакцините.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com