Воз прегази петмина железничари на северот од Италија: Се движел со брзина од 160 км/ч

Воз прегазил и усмртил петмина мажи кои работеле на пруга во областа Торино во северна Италија доцна вечерта во средата, објавија локалните медиуми. Двајца други работници се повредени, јави новинската агенција АНСА. Несреќата се случила околу полноќ во општина Брандицо, дел од градското подрачје на Торино.

Според извештаите, мажите работеле во компанија која изведувала работи за замена на делови од пругата, која ги поврзува главните северни градови Торино и Милано, кога биле прегазени од локомотива што превезувала празни вагони од Алесандрија до Торино.

Италијанските медиуми, меѓу кои и ANSA и Corriere della Sera, објавија дека возот се движел со брзина од 160 километри на час.