Возачот на ГСП автобус во Србија пронашол четиригодишно момче само во автобусот.
Имено, настанот се случил на линијата 35Л, а возачот, при преглед на автобусот, го приметил детето како спие на седиштето, а бидејќи било само веднаш ја известил полицијата која викнала брза помош и социјална служба.
Полицијата ги пронашла родителите, а неговата мајка претходно, во видно алкохолизирана состојба, пријавила дека го загубила детето.
Родителите го идентификувале детето, а во моментов се чека изјава од Центарот за социјална служба.