Воздухот вечерва низ цела Македонија е енормно загаден, а тоа го покажуваат и мерните станици поставени низ државата.
Според мерните станици најкритично е во Лисиче каде се измерени наверојатни 247 mg/m3, што значи дури 5 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво. Потоа следува Кавадарци со 190 mg/m3 и Кичево со 186 mg/m3.

Нешто помала е концентрацијата на ПМ10 честички во Гостивар каде се измерени 140mg/m3, Тетово 122 mg/m3 и Карпош 117 mg/m3.

Според апликацијата Мој Воздух мерните станици во главниот град вечерва изгледаат вака.
ЧИТАЈ ИСТО ТАКА:
Мерните станици кои се со виолетовата боја означуваат дека квалитетот на воздухот е опасен, додека пак црвените дека воздухот е многу загаден.

Според законските регулативни, максималниот број на дозволени ПМ10 честитки е 50 икрограми на метар кубен.
Направените анализи покажуваат дека и загадениот воздух придонесува во ширењето на коронавирусот, со тоа што честичките во воздухот се шират подалеку и подолго.
.
